Нов протест на вработените во Веибо груп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нов протест на вработените во Веибо груп

Околу сто вработени во поранешната фабрика за текстил Веибо гармент во Крива Паланка денес повторно излегоа на протести. Бидејќи и понатаму ,како што велат се игнорирани од газдите од Турција да им објаснат што и како планираат со нив и нивните барања,два часа го блокираа магистралниот пат А2 , на влезот во Крива Паланка кај населбата Грамаѓе.

Револтираните работници ќе продолжат со штрајкот, со секојдневни блокади во исто време на магистралниот пат.За време додека траеше блокадата километарски колони од возила се создадоа од двата правци, бидејќи на само 15 ина километри е граничниот премин Деве Баир а фреквенцијата од возила и камиони е голема.

Работниците порачаа дека на раководството им даваат рок до крајот на месецов да изнајадат начин да им ги исплатат трите заостанати плати,придонеси и прекувремената работа а ќе бараат изјава заверена на нотар со датум кога ќе ги добијат платите. Велат немаат со кого да разговараат,кому да се пожалат и да ги пренесат своите барања, зашто раководството на Веибо и за работниците и за медиумите упорно молчи.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Република Илинденска Македонија е одлична база за решение

Министрите за надворешни работи договорија еден пакет кој што двајцата премиери начелно го потврдија. Она ...

ВРЗАНИ СМЕ ЗА ПАКЕТ РЕШЕНИЕ ЗА ИМЕТО КОЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДРОБИ НА ПАРЧИЊА, РЕЧЕ ШЕКЕРИНСКА

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека со предлогот „Република Илинденска Македонија“, целта ...