Нов протест пред Владата поради загадениот воздух – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нов протест пред Владата поради загадениот воздух

Денеска пред Владата на Република Македонија во Скопје ќе се одржи нов протест против загадениот воздух.

Протестот чиј почеток е најавен за 12 часот го организираат загрижени граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи.

„Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања“, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...