Нов скандал во скопска единица: тајно полициско снимање за притисок врз судиит

sudenje divo naselje

Полицијата со тајно снимање кое требало да се користи за притисок врз судот во случајот на Закир Бектеши Чауш, денеска направила нов скандал во Основниот суд Скопје 1.
Репортерите од судењето јавуваат дека полицајци облечени во цивилна облека, неовластено влегле и тајно го снимале судењето на Захир Бекири Чауш.

Судијката Гордана Спиревска која го води случајот кога ги забележала дека снимаат без дозвола видно вознемирена им наредила да ги избришат снимките. Но, полицајците и покрај тоа останале во судницата. Судскиот процес протов Закир Бекири – Чауш и неговиот брат се води за таканаречената „Фабрика за афери“ за фалсификување лажни лични карти и документи.

Ваквото однесување на полиција е недозволиво и е целосна узурпација на судот, бидејќи ниту се повикани, ниту смеат да бидат во судот и судењата. За редот во судницата се задолжени судските полицајци, а обвинетите се придружувани од затворско обезбедување.

скопје 1 хол

Во судница се забранети снимања и фотографирање без дозвола на Претседтелот на Врховниот суд на Република Македонија.

Сепак, присуството на полицајците не било случајно, потврдуваат за Сведок судски извори. Тие биле дојдени наменски и со „премолчана“ дозвола за да го документираат текот на судењето, посебно однесувањето на судијката Спиревска, која е една од судиите со најдолг стаж во скопска единица, па случајно, да не излезе работата од контрола, бидејќи Бектеши јавно го обвинува заменик скопскиот обвинител Јове Цветановски дека со закани му изнудувал исказ, а инспектори од полиција го тепале во негово присуство и во присуство на обвинителката Наташа Гоџовска во просториите на Јавното обвинителство.

Бектеши бараше изземање на обвинителката во овој случај.

Доколку овој случај со упадот на полицијата во судот и неовластеното снимање остане неказнет, ќе биде уште една брутална опсада на судството и газење на неговата независност, која кулминираше минатата недела со упадот на Владата, која со одлука потпишана од Зоран Ставревски ја одзеде салата на Врховниот суд и му ја додели на Кривичниот суд.

Би те интересирало и

Запрена е изградбата на шестоседот на Попова Шапка

Компанијата ЕЛЕМ, која стопанисува со скијачкиот центар Попова Шапка започнала да гради жичница на центарот, ...

Министерството за правда достави барање до судот за подготовка на документите за екстрадиција

  Министерството за правда попладнево соопшти дека доставило барање до надлежниот суд во Скопје за ...