Нов случај на малтретирање животни во Кавадарци

Кавадарчани имате ли чувства? Што се случува, ова ли е глетката која сакате да ја гледаат вашите деца, соседи, вашите познаници и сограѓани – ова го објавија од Аними Реино – Здружение за заштита на животните Кавадарци на својот ФБ статус синоќа.

Овде може да се забележи фотографија испратена од млада кавадарчанка во близина на маркет во градот кај кружниот тек, кое било видно вознемирено од страшната глетка. На фотографиите се гледа куче кое било малтретирано на најгрозоморен и брутален начин, распорено,со извадена утроба и потоа изгорено. Здруженијата за заштита на животните постојано алармираат за нехуманиот однос кон овие живи суштества…

Од Здружението Аними Реино прашуваат зарем ова животно заслужува вакво изживување и кој може да ја издржи оваа суровост и болка???

Згрозените граѓани на социјалните мрежи бараат итна реакција на полицијата, социјалните установи и сите надлежни да запре и спречи понатамошното мачење на животните  и кое е надвор од секоја нормална реакција. Од Анима мунди, во врска со ваквите немили настани врз животните неодамна излегоа и со барање за итно формирање на Полиција за животни, затвор за насилниците, масовна стерилизација како и забраназа слободна продажба на отрови кои се опасност за здравјето и животот и на луѓето и на животните.

-Најстроги казни бараме затоа што насилството е насилство без разлика дали е жртвата животно или човек – соопштуваат од Анима мунди.

 

Би те интересирало и

Крадци нападнале жена, ја врзале со селотејп и украле злато од нејзиниот дом

Две маскирани и вооружени лица со нож ноќеска физички ја нападнале четириесет и деветгодишната, И.Ј. ...

Тешко повреден пешак, 14 сообраќајки вчера во Скопје

Пешак е потешко повреден, а 16 лица се полесно повредени во 12 од 14 сообраќајки ...