Норвешка компанија воведува летови преку Атлантикот за 65 долари

Норвешката воздухопловна компанијата „Norwegian“ планира да воведе нискотарифни трансатлантски летови меѓу Европа и САД на десет нови рути чијашто цена понекогаш ќе биде и само околу 65 долари, што ќе создаде притисок врз американската и европската конкуренција, објави компанијата во четвртокот.

Воздухопловната компанија „Norwegian“ ќе ја прошири мрежата свои летови кон САД од средината на јуни, по долгоочекуваната одлука на САД да ги одобри летовите преку Атлантикот на ирската филијала на ова норвешка компанија. Американските воздухопловни превозници сега треба да се насочат кон намалувањето на цените и редизајнирање на своите кабини за да може да се натпреваруваат со „Norwegian“ и со исландската компанија „Wow Air“.

Билетите во еден правец по цена од 65 американски долари на „Norwegian“ ќе важат за летовите до дестинациите во Ирска и во Велика Британија од помалите аеродроми во сојузните држави Њујорк, Род Ајленд и Конектикат. Дестинациите ги вклучуваат градовите Белфаст во Северна Ирска, Корк, Даблин и Шенон во Ирска, како и Единбург во Шкотска.

„Јас го плаќам она што го сакам, ти плаќај го она што ти го сакаш. Но плаќаме за она што сите друг го плаќаат на летовите“, изјавил за Reuters Андерс Линдстром, портпаролот на „Norwegian“ коментирајќи ги ниските цени на неговата компанија.

Во спомнатата цена нема да бидат вклучени багажот, храната и пијалакот, резервацијата на седиштата, слушалките, прекривките и слични услуги. „Norwegian“ на својата интернет страница предупредува дека бројот на летовите со толку ниски цени ќе биде „екстремно ограничен“.

И покрај тоа, растот на конкуренцијата на трансатлантските летови влијаеше и на другите европски воздухопловни компании.

Така, британската „British Airways“ и IAG, сопственик на Шпанската компанија „Iberia“, исто така, планираат годинава да започнат со нискотарифни летови преку Атлантикот од Барселона. Француската „Air France“ работи на основање нов нискобуџетен проект наречен „Boost“, додека германска „Lufthansa“ таквите летови ги нуди преку својот проект „Eurowings“.

Планот на „Norwegian“ за деловна експанзија веќе доведе до повеќе од двојно поголеми приходи од 2012 година, Минатата 2016 година оваа компанија забележа 16 отсто поголем приход, кој сега изнесува 3,12 милијарди долари, па нарача 260 нови авиони од производителите „Airbus“ и „Boeing“ кои ќе ѝ бидат испорачувани следните години.

 

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

„Сандеј Тајмс“: Кралицата Елизабета нема да се повлече за Чарлс да стане регент

Британската кралица Елизабета II нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, ...

Во Холандија се бара враќање на визите за албанските граѓани

Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за ...

Close