Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Валандово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица-Валандово

Сообраќајот на патниот правец Струмица-Валандово, кај Валандовско брдо, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информира АМСМ.

Утрово камион со струмички регистарски таблички утрово се преврте на Валандовско Брдо, при што e повреден  возачот.

Според информациите од СВР Струмица, „сообраќајката“ се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион мерцедес со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не побарал лекарска помош.

 

Би те интересирало и

В понеделник делови на општина Аеродром без струја

  Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во понеделник ќе останат ...

Одбележан патронатот на тетовската касарна Кузман Јосифоски Питу

Пред споменикот на народниот херој Кузман Јосифоски Питу во Тетовската касарна која го носи неговото ...