Ноќ на Дражен Петровиќ во Бруклин – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ноќ на Дражен Петровиќ во Бруклин

Кошаркарите на Бруклин Нетс изминатата ноќ го победија Чикаго, а пред почетокот на дуелот во „Барклајс центар“, Нетс се потесетија на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.

Кошаркарскиот Моцарт дресот на Нетс, додека франшизата беше во Њу Џерси, го носеше во периодот од 1991 до 1993 година.

Пред почетокот на натпреварот клубот прикажа филм за еден од најдобрите играчи во историјата на европската кошарка, кој го загуби животото во сообраќајна несреќа во Германија.

Специјална гостинка на клубот беше мајката на Дражен, Бисерка Петровиќ, а клубот подели 10.000 фигури со ликот на поранениот југословенски и хрватски репрезентатвец.

Недолго по трагедијата тогаш Њу Џерси Нетс го повелече бројот 3 што го носеше Петровиќ во овој клуб. „Тројката“ на легендата се наоѓа и под покривот на „барклајс центар“ во Бруклин.

Преземено од: Топспорт.мк

Би те интересирало и

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

  За да игра во елитната Евролига, кошаркарскиот шампион во АБА, тимот на Будуќност ќе ...