НСРР: Во новата влада да има најмалку 30 проценти жени

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска апелира до мандатарот Зоран Заев при составување на владата да го почитува Законот за еднакви можности со кој, како што укажува советот, жените треба да бидат застапени на сите нивоа и позиции со најмалку 30 проценти. ­

-Очекуваме дека ќе ја почитувате законската обврска при изборот на министри/ерки. Националниот совет за родова рамноправност како организација која повеќе од 20 години работи на родовата рамноправност бара почитување на Законот за еднакви можности со кој се гарантираат квотите од 30 до 40 проценти рамноправна застапеност на жените на одлучувачки позиции – наведува НСРР во барањето до мандаторот Заев.

Националниот совет се надева на целосно почитување на Законот за еднакви можности и остварување на родовата рамноправност како демократска земја.лв

Додади коментар

Би те интересирало и

Владините агенции во САД добија наредба да го отстранат „Касперски“

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп им наложила на владините агенции во земјата да ...

Во Велес приведени седум лица поради производство и пуштање во промет дрога

Велешката полиција приведе седум лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...

Close