Обвинетиот за убиството на охриѓанецот, Матилоски повеќе не се смета виновен за делото што му се става на товар

Триесетгодишниот, српски државјанин Бојан Угреновиќ обвинет за убиство на охриѓанецот, Димитар Матилоски ланската новогодишна ноќ, повеќе не се смета за виновен за кривичното дело што му се става на товар. Тој на денешното прво рочиште од повторениот судски процес пред Охридскиот основен суд се произнесе невин за стореното дело.

Претседавачот со Судскиот совет, судијата Весна Кичеец потоа го одложи рочиштето за септември, кога искази треба да дадат сведоци по случајот.

Изјавата на обвинетиот е дијаметрално спротивна на онаа дадена во првото судење на 15 декември минатата година, кога го призна делото и изрази каење и жалење за последиците од инцидентот кога смртно беше претепан 27-годишниот Матилоски пред кафе бар во центарот на Охрид. Тогаш судот го осуди Угреновиќ на казна затвор во времетраење од 16 години, која подоцна беше поништена од Апелацискиот суд во Битола поради забелешки, а предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Охрид.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Тетово се зголемува бројот на лица кои возат без возачки испит

Бројот на лица во Тетово кои возат без возачки испит бележи нагорна линија. Во сообраќајна ...

Поднесен посебен извештај против четири лица вмешани во „Транспортер 2“

Секторот за внатрешни работи Битола, постапувајќи по Наредба на Основното јавно обвинителство Битола, во врска ...

Close