Обвинетите во „Тендери“ нема да добијат цеде со бомбите, но ќе ги слушаат во судница следниот месец – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Обвинетите во „Тендери“ нема да добијат цеде со бомбите, но ќе ги слушаат во судница следниот месец

Аудио материјалите што се доказ во постапката за случајот Тендери ќе бидат преслушани во судница на  13 – април, одлучи Судот на денешното рочиште. Станува збор за пет аудио материјали кои одбраната на првото рочиште побара да и’ бидат доставени на цеде, но судијата Осман Шабани денеска рече дека предлогот го одбива како неоснован. Тој, како што и претходно објавивме, образложи дека првообвинетата, екс министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и останатите две обвинети можеле во секој момент да ги преслушаат материјалите во просториите на СЈО и ова право не им било ускратено.

Според адвокатот, Сашо Дуковски предметот не смеело да стигне до оваа оваа фаза на постапката и да биде одобрен обвинителниот акт.

„Кога сме веќе во оваа фаза ќе се потрудиме да укажеме на овој ценет Судски совет на сите факти кои сметаме дека се важни за донесување пресуда со која обвинетите ќе се слободат од секакво обвинение“, посочи Дуковски во изјава за медиумите, откако заврши денешното рочиште на кое Канческа Милевска и останатите две обвинети Јулијана Угриновска и  Лидија Лазарова Цветковска рекоа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување при изборот на компанијата Бетон АД Штип која ги изведувала градежните активности при изградбата на Музејот на ВМРО.

Според обвинението, тие ја фаворизирале компанијата која почнала да ги изведува градежните активности уште пред да биде објавен огласот за јавна набавка.

Сите три обвинети денеска рекоа дека го разбираат обвинението како текст, но не и на кој начин постои злоупотреба, бидејќи како што велат работеле спред сите законски прописи. Дека е работено согласно Законот, тврди и адвокатот Дуковски:

„Се’ е спроведено законски и за да има злоупотреба на службена положба е потребно постење на штета или корист, а таква нем. Затоа се користи флоскулата фаворизирање на некој економски оператор без да се каже дали со тоа наводно фаворизирање кое патем, не постои, му е нанесена некаква штета или корист особено не на државниот буџет“.

Откако СЈО ги обелодени деталите за овој случај во октмври 2016, поранешната министерка за култура излезе на прес конференција на која оцени дека изјавите на обвинителите се „рекла казала“.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...