Обвинителите на СЈО во Врховен: Се разгледуваа случаите на Темелко и Талевски

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за Макфакс изјави дека предметите биле разгледувани и дека по донесувањето на одлуката, јавноста ќе биде информирана.

Врховниот суд ги одржа седниците на кои се разгледуваа барањата за заштита на законитоста за притворите на градоначалниците на општина Пустец, Едмонд Темелко, и на општина Битола, Владимир Талевски.

Во судот беа и обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, кои го напуштија судот без изјава за медиумите.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, за Макфакс изјави дека предметите биле разгледувани и дека по донесувањето на одлуката, јавноста ќе биде информирана.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Малолетници жртви на трговија со луѓе: Ги експлоатираат за тешка физичка работа

Граѓаните кои се трудово експлоатирани не се доволно информирани за да ги препознаат начините на ...

Апел за помош: Насмевката на малата Хана не смее да згасне

На почетокот од оваа година животот станал суров кон една мала убавица од Виница. Четири ...