Обвинителството бара највисока казна за обвинетите во грабежот на НЛБ банка

Јавното обвинителство побара највисока казна за четворицата обвинети за грабежот во НЛБ банка. Бобан Смилевски, Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски ја признале вината и рекоа дека не се каат за извршеното дело.

Максималната казна за ова кривично дело изнесува 10 години затворска казна, објави А1 он.

Обвинетите се обиделе да ги уништат трагите од извршената кражба при што еден од нив откако биле украдени парите го фрлил мобилниот телефон.

Како што кажа обвинителката во случајот, сторителите не кажале каде се парите и ќе бара одземање на автомобилот со кој ги пренесувале украдените пари.

Адвокатот на Бобан и Горан Смилевски побара од судот поблага казна поради, како што кажа, нарушената здравствена состојба. Тој напомена и уште една причина која треба да се земе предвид за намалување на казната, а тоа е старателството на детето на второобвинетиот, Горан Смилевски.

Според одбраната еден од обвинетите донирал пари во добротворни цели, на судот му испратил признаници и благодарници за тие активности.

Обвинетиот Горан Смилевски е претседател на Синдикатот на вработените во НБРМ поради што, според неговиот адвокат, уживал висок општествен углед како и добивал признанија и високи оценки за неговата работа.

 

Преземено од: А1он

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...