Обвинителството не ѝ го дава на Јанева предметот за Божиновски

zoran-bozinovsk1

Предметот против новинарот Зоран Божиновски останува во надлежност на Основното јавно обвинителство, иако предметот „Шпион”, со одлука на Апелациониот суд е даден во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО обвинија дека Основниот суд Скопје 1 го крши законот затоа што за новинарот Божиновски, бара мислење од Обвинителството за организиран криминал и корупција наместо од нив. Со тоа, во прв степен Судот комплетно го исклучува обвинителството на Катица Јанева, што е во спротивност со Законот за СЈО.

Претходно, Јанева го побара предметот за Божиновски со образложение дека се работи за предмет против лице кое неодамна било екстрадирано од Србија, а е дел од  случај кој веќе е во надлежност на СЈО.

Сепак, наместо во СЈО предметот беше испратен до Советот на јавни обвинители. Освен за предметот „Шпион”, пред неколку месеци Советот не ѝ ги даде на Јанева предметите за „Маѓар телеком“, предметот Зоран Верушевски и за неговиот син, како и предметот „Поткуп“.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...