Обвинителството отвори истрага за загадувањето – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Обвинителството отвори истрага за загадувањето

По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик.

Обвинителството соопштува дека во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации.

 

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...