Обвинителството сè уште повикува сведоци за Крвавиот четврток – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Обвинителството сè уште повикува сведоци за Крвавиот четврток

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција продолжува да испитува граѓани заради прибирање на потребни известувања во постапувањето по предистражниот предмет оформен во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Од ОЈО за Макфакс велат дека тимот на јавни обвинители кој постапува по овој предмет и натаму испитува лица, а презема и други дејствија на прибавување писмени известувања и докази.

Обвинителството појаснува дека постапката по овој предмет е предистражна, што значи дека станува збор за тајна проведура, при што се прибираат докази заради оцена дали во настанот кој се истражува има дејствија и обележја на кривични дела и кои се нивните извршители, по што ќе се донесе јавнообвинителска одлука дали има основано сомневање за отворање истрага.

Обвинителството потенцира дека го разбира зголемениот медиумски интерес, но почитувајќи ги напред кажаните законски и етички норми, не може да даде податоци за повиканите лица во смисла на тоа дали истите се носители на јавни или други функции, работни места и слично.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Македонија ќе ги признае патните документи на Интерпол

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во седиштето на Генералниот секретаријат на Интерпол во ...

Средбата со министрите не ги предомисли синдикалците: Утре протест пред Владата

Утре напладне протест пред зградата на Владата, а внатре брифинг на владини претставници со новинарите ...