Облачно и ветровито време со температура до 16 степени

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во западните и југозападните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови каде што ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.

Минималната температура ќе се движи од пет до 11, а дневната ќе биде до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе се движи од осум до 13 Целзиусови степени.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...