Облачно и студено време денеска во Македонија

Облачно и студено време не’ очекува денеска во Македонија, како и повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), претежно во западните и северните делови. На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч).

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16
степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, повремено интензитетот на
врнежите ќе се засилува. Ке дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе се движи од девет до 10 степени.

На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен
северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на
температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво
време со постепен пораст на дневната температура.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...