Обрадовиќ избран за најдобар тренер во Евролигата

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ е добитник на наградата „Александар Гомељски“ која се доделува на најдобриот стручњак во Евролигата, соопштено е денес од елитното кошаркарско натпреварување.

Обрадовиќ го предводеше Фенербахче до историска прва титула шампион на Европа, што е вкупно деветта во неговата кариера, така што исходот од гласањето во кое учествуваа неговите колеги тренери е очекуван.

Според веб страницата на Евролигата, по Обрадовиќ најмногу гласови доби Јанис Сфаропулос (Олимпијакос), а третото место го делат Сито Алонсо (Басконија) и Шарунас Јасикевичијус (Жалгирис).

Трофејот „Александар Гомељски“ во чест на прочуениот рускиот тренер се доделува од 2005 година, а Обрадовиќ го освојува по трет пат, по 2007 и 2011 година.

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...