ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

gvantanamo

Директорот на канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права, Михаел Георг Линк настојува за продолжување на потребата за затворање на Гвантанамо затворот на Куба без понатамошно одлагањe – соопшти самата организација. Во тој затвор моментно се уште 59 затвореници.

„Притвор без обвинување или судење, недостиг од одговорност за злоупотреба вклучително и измачување и други малтретирања во Гвантанамо се вршат спротивно на обврските на САД како членка на ОБСЕ. Се надевам дека новата администрација ќе ја препознае важноста за строго придржување кон човековите права во борбата против тероризмот“, смета Линк. Според него, затвор без правда и злоставување немаат место во демократското општество засновано на почитување на правото, човековите права и слободи.

Американскиот затвор Гвантанамо отворен е на 11 јануари во 2002 година и вкупниот број затвореници кои таму биле е 780, а голем дел од нив се држени без судење или обвинение.

Моментно таму се 59 затвореници, и нивниот трансфер во други држави продолжува.

 



Додади коментар

Би те интересирало и

Ослободителна пресуда за правниот субјект СДСМ, Зоран Заев и Мартин Костовски по тужбата на Виктор Цветковски

Ослободителна пресуда по сите основи за правниот субјект СДСМ, Зоран Заев и Мартин Костовски по ...

Вилијамс прв го претстави новиот болид за 2017 – FW40 (ВИДЕО)

Тимот на Вилијамс прв пред своите конкуренти ги објави фотографиите од својот нов болид FW40 ...

Close