Објавена збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Објавена збирката раскази „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски

Од печат излезе книгата кратки раскази „Смртта долетува насмевната“ со која Стефан Марковски ја доби наградата „Крсте Чачански“ за 2017 по конкурсот распишан од Здружението за литература, култура и наука „Бран“ – Струга и списанието „Бранувања“ за оваа награда. Книгата е вклучена во едицијата Ризници во издание на истоименото здружение.

За збирката, познатиот српски писател Срѓан В. Тешин нагласува:

„Стефан Марковски во збирката Смртта долетува насмевната маестрално ја демонстрира бескрајната флексибилност на приказните како протејски жанр: приказната може да биде буквално сè. […] Јазично и стилски одлично обликувани, а повеќето и изразито духовити, приказните на Стефан Марковски нудат и еден посебен квалитет кој ги одликува само врвните мајстори на раскажувањето: тие секогаш имаат отворен крај, кој на читателите им овозможува бескрајни интерпретативни проширувања, што ги чини интригантни и заводливи.“

Сашко Насев, пак, ја нагласува модерноста, непредвидливоста и драматичноста во расказите на Марковски.

„Смртта долетува насмевната“ е втора збирка кратки раскази на Стефан Марковски и 10-то објавено дело во неговиот опус.

Книгата е со обем од 112 страни, а корицата е дело на академскиот сликар Никола Голубовски.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Денеска Православните верници го слават Богојавление – Водици

равославните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот ...

Одбележани 112 години од раѓањето на етномузикологот Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и ...