Објавени платите на сите помошници на Трамп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Објавени платите на сите помошници на Трамп

Белата куќа ги објави годишните плати на најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп. Листата ја покажува платата на 377 вработени, вклучувајќи ги и прес-секретарот Шон Спајсер.

Според листата, 21 од помошниците на Трамп во Белата куќа заработуваат од 179.700 долари годишно до 187.100 долари. На оваа листа се и платите на Рејнс Прибиус, шеф на кабинетот на Трамп и на неговиот главен стратег Стивен Банон.

За споредба, канадските пратеници земаат основна плата од 133.220 американски долари, премиерот Џастин Трудо годинава ќе заработи 266.440 долари, а спикерот на Долниот дом Џеф Реган и сите министри и државни министри ќе заработат 196.937 американски долари.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Започна исплатата на социјалната помош, се огласи Министерството за труд и социјална политика

На прашање на „Макфакс“ дали се точни наводите изнесени во јавноста дека доцни исплатата на ...

Ристовски: Поразот го оставаме зад нас, нè чека пеколно тежок натпревар со Чешка

По поразот кој на Европското првенство македонските ракометари го претрпеа од селекцијата на Шпанија, реакциите ...