Објектот на Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе се гради по решавање на политичката криза

Фото: Архива

Политичката криза е причината зошто се’ уште не се започнати работите околу објектот на Универзитетот „Мајка Тереза – велат од Министерството за образование и наука за телевизијата Алсат М.

Според МОН, актуелната политичка ситуација го оневозможува распишувањето на тендерот и започнување на процедурите за реализација на идејниот проект. Сепак, од ова Министерство велат дека распоредувањето на студените на УМТ на неколку локации, привремено го решило проблемот со недостатокот на простории.

„Тие таму ќе бидат сместени привремено се’ додека не започне изградбата и не биде завршен новиот објект на УМТ. Сите процедури се завршени и сега останува само да се објави идејниот проект кој треба да заврши многу наскоро. Верувам дека оваа работа ќе се заврши со формирање на новата влада“, вели Сафет Незири од ресорното Министерство.

Иако од МОН се правдаат со политичката криза, идејата за отворање на Универзитетот „Мајка Тереза“, па дури и самиот Закон за негово основање, беа усвоени токму во кулминација на политичката криза во 2015 година – потсетува Алсат М.

Пред неколку дена, Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ потврди дека изградбата на новиот објект на овој универзитет е далеку од реализација. Азиз Положани потврди дека УМТ ќе зафати и дел од просториите на основното училиште „Битолски конгрес“ во населба Чаир, каде сега се одржуваат дисперзираните студии на државниот Тетовски Универзитет, а каде во некои од просториите ќе бидат поставени лаборатории на Техничкиот факултет при УМТ.

Телевизија Алсат – М дознава дека освен лабораториите, таму ќе има и амфитеатар за студентите на УМТ, што само по себе значи дека лека полека овој универзитет ќе биде префрлен во просториите на основното училиште. Телевизијата го контактирала и директорот на основното училиште „Битолски конгрес“, Фаик Џони, за да го праша дали студентите од двата универзитета ќе го попречуваат едукативно – образовниот процес, на што тој одговорил дека за се’ одлучила Општина Чаир, во соработка со универзитетите.

Од Општина Чаир веќе неколку дена не излегуваат со став во врска со институционалната мешаница која настана во просториите на ова основно училиште. Од државниот Тетовски универзитет се’ уште нема одговор дали конечно ќе бидат повлечени сите дисперзирани студии или пак ќе чекаат актуелните студенти да ги завршат своите студии во истите простории со студентите на УМТ.

 

Би те интересирало и

Комплетна реализација на наставата на босански јазик од наредната учебна година

Од наредната учебна година, во основните учичишта комплетно ќе биде реализирана  наставната програма на босански ...

Заев-Звиздиќ: Преку унапредување на соработката до побрзо членство во ЕУ

Македонија и Босна и Херцеговина делат заедничка цел – членството во ЕУ и НАТО, а ...