Оваа детокс салата е хит на интернет

На социјалните мрежи редовно се споделуваат бројни рецепти за разни салати, но само некои од нив стануваат вистински хит, посебно на „Pinterest“. Токму од оние мега популарните е оваа салата која има префикс – детокс, а во која главна улога имаат доматот и краставицата како намирници кои се нискокалорични и содржат многу вода. Посебно важен елемент е и авокадото кое е богато со незаситени масти и влакна кои помагаат при слабеењето, но исто така и ја регулираат дигестијата. Ова значи дека салатава е вистински пријател на оние кои сакаат да симнат некој килограм.

Состојки

-авокадо

-свеж магдонос

-свежа краставица

-лимон

-кромид

-шери домати

-црн бибер

-сол

-маслиново масло

 

Начин на подготовка

Исечканите домати, краставици и кромид, измешајте ги во еден сад. Авокадото пресечето го на половина, извадете ја семката и едниот дел на авокадото исечкајте го и додадете го со останатите намирници. Ситно исечкајте го магдоносот и ставете го врз целата салата, а потоа зачинете со маслиново масло и сок од лимон.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Домашни маски за совршено здрава коса

Доколку имате проблем со опаѓање на косата или пак со оштетена коса, имајте на ум ...

Можеме ли да користиме пилинг за очните капаци

Бидејќи некои луѓе имаат темни очни капаци, има такви кои се во искушение да користат ...

Close