Овермарс му порача на Интер: Доколку го сакате Санчез, тој вреди над 40 милиони евра

„Санчез нема да може да го напушти клубот за сума помала од 40 милиони евра, ова нека биде јасна порака до сите заинтересирани клубови за неговиот потпис“ јасно порача Марк Овермарс.

Санчез го привлече вниманието на пошироката фудбалска јавност откако беше еден од најдобрите фудбалери на Ајакс на патот на овој тим до финалето во Лига Европа, каде загуби од Манчестер јунајтед.

Колумбиецот не е единствената желба на Интер од редовите на Ајакс, се споменува и бекот Кени Тете, 21 годишниот репрезентативец на Холандија, кој инаку за менаџер го има мошне контроверзниот агент Мино Рајола.

Би те интересирало и

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...

Вардар го доби вечното дерби, „Комитите“ го прославија јубилејот

Вардар го совлада Пелистер со 3:0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше ...