Одзивот се ближи до рекордот – граѓаните ги послушаа апелите за масовна излезност

glasanje-izbori-2016

До 17 часот на гласање излегле 60,38 проценти од гласачите на ниво на држава, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.

– Во изборна единица 1 излегле 66,38 проценти од гласачите, во ИЕ 2 – 59,89 проценти, во ИЕ 3 – 64,90 проценти, во ИЕ 4 – 67,15 проценти, во ИЕ 5 – 58,46 проценти, а во ИЕ 6 – 46,82 проценти – изјави Чичаковски.

Според овие бројки, одзивот на гласачите е голем, односно, на два часа пред затворањето на гласачките места речиси е постигнат процентот на вкупната излезност од претходните избори. Ако продолжи овој тренд, уште сега може да се каже дека одзивот се ближи до рекордот во последните изборни циклуси и дека апелите за масовна излезност дадоа резултат.

На масовно гласање во текот на кампањата повикуваа и лидерите на политичките парии и меѓународната заедница.

На последните предвремени парламентарни избори во 2014 година до 17 часот имаше 53,24 отсто излезност што е за 7,14 отсто помалку од оваа година. Тогаш вкупниот процент на излезени гласачи беше 54,38.

Во 2014 година во вториот круг на претседателските избори до 17 часот излегле 45,68 отсто.

Во 2011 година до 17 часот на гласање излегле 53,86 отсто од запиш.

Извор: Мета

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...