Одликување за заслуги во праводуството за Анета Арнаудовска

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска ќе биде одликувана со Витез од државниот ред за заслуги, престижно признание, кое го доделува претседателот на Франција.

Од Амбасадата на Франција тврдат дека одликувањето на Арнаудовска е признание за нејзините заслуги за македонското правосудство, особено во делот на значајната десетгодишна соработка помеѓу македонската и француската академија за судии и јавни обвинители.

Анета Аранаудовска на јавноста ѝ е позната како „незаменливата“ директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи незаконски повеќе од три години ја води оваа институција, откако за директорка беше избрана во октомври 2006 година, а реизбрана во септември 2010 година.

Судот во Стразбур ја исфрли од листата на кандидати од Македонија. Арнаудовска формално е судија на Основниот суд Скопје 1, чиј мандат мирува. Претходно имаше неуспешни обиди да стане и судија на Врховниот суд, но Судскиот совет не ја избра. Додека директоруваше, Академијата го доби името „Павел Шатев“.

Арнаудовска тврдеше дека во Македонија има независно судство и покрај оценките од Брисел и „бомбите“ на опозицијата, кои ја покажаа спрегата на извршната со судската власт. Директорката сè уште не одговара за прозивките на медиумите во врска со скандалот со фалсификуваните документи на над 30 кандидати за обвинители.

Специјалното јавно обвинителство во февруари побара од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  да ја продлабочат соработката, но засега нема јавен одговор, дали Арнаудовска одговорила на апелот на СЈО.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close