Одложено рочиштето за „Насилство во Центар“: Фетаи побара притвор за еден од обвинетите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Одложено рочиштето за „Насилство во Центар“: Фетаи побара притвор за еден од обвинетите

Судењето за случајот „Насилство во Центар“  и денеска се одложи. Условите за одржување на рочиштето не беа исполнети, зашто обвинетиот Милан Андоновски повторно не се појави во судница.

Фото: Архива

 

Имал ларингитис и не смеел да има физички активности – вака адвокатот на обвинетиот Милан Андоновски објасни зошто тој и денеска не се појави на рочиштето за случајот „Насилство во Центар“. Тој рече дека од пред пет дена му е отворено боледување.

Ова е трети пат како Андоновски не се појавува на судење за овој случај, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство. Поради ова, обвинителката Фатиме Фетаи побара на Андоновски да му се изрече мерка притвор. Обвинителот Гаврил Бубевски пак, додаде дека мерката притвор нема да го попречи во лекувањето.

„Овде нема да копаме па да има физички напор. Можеа да дадат поприемчиво оправдување наместо ларингитис. Барем температура да ставеа “ рече Бубевски.

Судот го одби барањето на СЈО за притвор и го закажаа следното рочиште за 3 април. Во овој случај, првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски кој рече дека барањето на СЈО во притвор да заврши обвинет кој е болен е забегано.

Покрај Груевски, во овој случај обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се товарат дека го поттикнале насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

 

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Европски ден на националните паркови, Македонија има три

Нашите паркови се нашиот најблизок контакт со природата. Во парковите може на најдобар начин да се ...

Република Македонија стана полноправна членка на Јадранско-Јонската иницијатива

Македонија и формално стана полноправна членка на Јадранско – Јонската иницијатива на состанокот на Советот ...