Одложено рочиштето за случајот „Диво насеље”

11210376_1441951316119975_1949620458_n

Денешното судење за случајот „Диво насеље“ е одложено поради болест на судијката Верка Петковска, а ново рочиште е закажано за 31 мај – вторник.

Судењето за овој случај требаше да се одржи во големата сала на Врховниот суд, поради големиот број обвинети и адвокати, како и големиот интерес на јавноста.

Иако претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделковска соопшти дeка не може да се користи оваа сала бидејќи била наменета за свечености, сепак салата е дадена на користење на Кривичниот суд, со одлука на Владата потпишана од вицепремирот, Зоран Ставревски на 17 мај. Судењето за кумановскиот вооружен судир што се случи пред една година, треба да почне од почеток бидејќи судот ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци.

Сега, обвинети во случајот се 37, а ги бранат 15 адвокати.

Во судирот во Куманово, кој траеше речиси два дена, загинаа осум македонски полицајци и десет припадници на вооружената група, а обвинети се 29 лица кои одговараат за тероризам.

Би те интересирало и

Обвинетите за грабежот во „Тутунска банка” признаваат вина, но не откриваат каде се парите

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 Скопје во врска со грабежот во Тутунска ...

Серија земјотреси во Пехчево, Берово и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево – Кресна се регистрирани денеска во ...