Одложено рочиштето за случајот „Насилство врз општина Центар“ на СЈО: Парични казни за Јанева и Фетаи

Денешната главна расправа по предметот на СЈО за немирите во општина Центар, е одложена и презакажана за 10 март.

Судијката, Татјана Михајлова го прекина ова судско рочиште против обвинетиот експремиер, Никола Груевски и уште 15 обвинети за нарачување и извршување на насилствата во Општина Центар, откако обвинителките од СЈО, Катица Јанева и Фатиме Фетаи ги казни со по 2.000 евра поради „елементарно непочитување на судот“ – јавува порталот Сакам да кажам.

Фетаи на почетокот побара збор, но од Михајлова не го доби, затоа стана и почна да зборува: „Не сум дојдена судијке да ве видам колку сте убава. Вие во записникот од претходното рочиште сте направиле интелектуален фалсификат. Ја бараме аудиовизуелната снимка за да покренем кривична постапка против вас, оти вие во записникот од 16.12.2016 невистинито имате наведено дека јавноста е исклучена од судницата единствено во делот кога се слушаат снимките од прислушуваните разговори, а всушност новинарите беа истерани и кога јас како обвинител на СЈО се произнесов за моите аргументи за употребливоста на бомбите како доказ. Ќе ги викнам новинарите како сведоци во кривичната постапка што ќе биде покрената против вас“.

На ова, реагираше и Јанева:

„Вие не знаете да водите записник. Треба да се срамите што го носите звањето судија и в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1“.

Инаку во овој случај, меѓу обвинетите се и поранешниот министер, Миле Јанакиески и поранешната советничка, Даниела Рангелова.

Сите обвинети утрово пристигнаа во кривичниот суд во Скопје.

Би те интересирало и

Серија земјотреси во Пехчево, Берово и околината

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пехчево – Кресна се регистрирани денеска во ...

Исчезна малолетничка

Вчера претпладне во Полициската станица во Ресен, триесет и шестгодишниот велешанец И.У., а со привремен ...