Одложено рочиштето за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу во Куманово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Одложено рочиштето за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу во Куманово

Поради работни обврски на еден од адвокатите, денеска во кумановскиот Основен суд беше одложено рочиштето против 31 годишниот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

На денешното рочиште на барање на авдокатот на Илиќ, требаше да биде испрашан Бобан Илиќ, но поради работни обврски на адвокатот на второ, трето и четвртообвинетиот, рочиштето е одложено за 25 следниот месец. Во истиот случај против таткото на детето, Седат Алиу, и негови двајца роднини Сами Демири и Абдула Алиу, е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“,

На претходното рочиште исказ даде технички советник ангажиран од адвокатот на одбраната на обвинетиот, а на претходното, исказ даде вештак од Бирото за судски вештачења кој го презентираше сообраќајно-техничкиот извештај на барање на обвинителството.

На претходните рочишта исказ во два наврати дадe невропсихијатар, како и психолог од Клиниката за психијатрија во Скопје. На првото рочиште беа сослушани Бобан Илиќ, неговиот брат, девојка му, како имајката на четиригодишното дете.

На едно од претходните рочишта беше разгледана и видео снимка од камерите на куќите лоцирани на улицата „Борис Кидрич“ во близина на Здравствениот дом.

Осомничениот се товари дека на 25 јуни лани го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на здравствената установа во Куманово п обанална расправија со таткото на Алмир за ред во здравствениот дом, по што по една недела, поради здобиените повреди, четиригодишното дете почина.

Преземено од: Либертас

Би те интересирало и

Јовески бара партиите да не се мешаат во јавно-обвинителската работа

Неселективно, непристрасно, професионално и врз основа на законот се постапува во случајот за смртта на ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Животот дојде ама не за сите“

ОК на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци на прес обвинува за мобинг врз нивните членови од ...