Одложено судењето за „Диво насеље“: Судот нема просторни услови за судење – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Одложено судењето за „Диво насеље“: Судот нема просторни услови за судење

kumanovo-divo-teroristi-jpg_660x330

Одложено е денешното судење за ланските судири во „Диво насеље“, Куманово. Всушност, судот ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци, а во Основниот суд Скопје 1 нема просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во кое има голем број обвинети.

„Бројот на обвинети се искачи на 37 обвинети, бројот на бранители е 15 лица, лицата кои ги обезбедуваат обвинетите и интересот на јавноста. Основниот суд Скопје 1 не располага со просторни можности за одржување на судењето. До наредното рочиште коешто е закажано за на 19 мај ќе направиме напори за обезбедување на просторни, технички и безбедносни услови за одржување на судењето“ рече судијката Верка Петковска која го води случајот.

Со спојувањето на двата предмети судењето ќе почне од почеток, обвинетите повторно треба да се произнесуваат за вината и да се повикуваат сведоците. Во случајот „Диво насеље“ инаку, обвинети се 29 лица, а потоа беа уапсени уште осум логистичари.

Адвокатот, Шасивар Исеини реагираше дека спојувањето на предметите доведува до непотребни трошоци и дека повторно ќе треба да се одржи седница за оценка на обвинителниот акт.

Според судијката неспорно е дека со тоа судењето ќе почне од почеток, но според Законот за кривична постапка не треба повторно да се оценува обвинителниот акт.

Претходно пак, претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова испрати писмо до Основниот суд Скопје 1 од каде побарале за ова судење да се користи големата сала на Врховниот суд којашто се реновираше.

Неделкова не дозволила користење на салата бидејќи била од свечен карактер и за одржување на свечени настани, па според тоа не е опремена да функционира како судница.

На судењето сите обвинети се изјаснија дека не се учествуваат виновни, а дел од нив тврдеа дека водачите на групата не биле убиени во судирот, туку отпосле во полициска станица, дека во случајот се вмешани високи функционери на Управата за безбедност и разузнавање и дека целиот случај е „политичка игра“. Билансот од случувањата во Куманово беа вкупно осумнаесетмина убиени (осум македонски полицајци и десет припадници на вооружената група) и обвинети се 29 лица кои одговараат за тероризам.

 

Би те интересирало и

Фатен бегалец од штипскиот затвор кој два месецa оперирал во беровската населба Абланица

Беровската полиција фати бегалец од штипскиот затвор кој во период од два месецa, додека се ...

Двајца бугарски државјани повредени во сообраќајка кај Крива Паланка

Сообраќајна незгода на магистралниот пат Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“ се случила синоќа во  01.15 часот. До ...