Одложен штрајкот на грчките железничари

Четиридневниот штрајк на грчките железничари, што требаше да трае од денеска до петок, е одложен, соопшти доцна синоќа Синдикатот на вработените во грчката железница „Треносе“.

Во соопштенито се посочува дека денеска и утре железничкиот сообраќај во Грција ќе се одвива нормално, а наместо четиридневен, во четврток ќе биде одржан 24-часовен штрајк.

Согласно новата одлука на Синдикатот, в четврток нема да сообраќаат меѓународните и меѓуградските возовите, како ни градската железница во Атина.

Синдикатот го организира штрајкот поради незадоволството на вработените од условите за работа и од состојбата на железничката инфраструктура.

 Преземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Слободан Праљак му понудил отров и на Ратко Младиќ

Хрватскиот генерал и лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак кој се отру со цијанид во судницата ...

Босански музеј на воено детство ја освои наградата за најдобар музеј во Европа

Во само една година, мал босански музеј посветен на детството во време на војна, ги ...