Од август стартува бербата на боровинки, за лицата без соодветна дозвола за берба ќе следуваат високи казни до 3000 евра

Од први идниот месец стартува бербата на боровинки, за лицата кои ќе бидат затекнати без соодветна дозвола за берба на шумски плодови, ќе следуваат високи казни и до 3000 евра.

Од први август во Кавадарци  ќе започне издавањето на дозволи за собирање на боровинки во ридско шумските предели од Општината. Цената на дозволата е 400 денари, а се обезбедува во кавадаречката подружница на “Македонски шуми” Бор, информира Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата.

Според него, пред некоја година издавале и по стотина дозволи на берачи,но годинава очекуваат бројот да биде помал,поради априлското невреме кое влијаеше на родот. Минатата година биле издадени само 26 дозволи, мала бројка со оглед на тоа што и лани имаше неповолни временски услови во месец април кои влијае на родот, додека како што вели тој имало години кога се издавале и по 120 или 130 дозволи за една сезона.

За оние лица кои нема да поседуваат соодветна дозвола за берење шумски плодови, ќе следуваат казни и до 3000 евра, информира Ристовски.

Берачите велат дека годинава поради временските услови родот на боровинка е слаб за разлика од минатите години,се додека не заврши бербата  не се знае и колкав ќе биде годинашниот род.

Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close