Од Австралија до Европа: Плажи на смртта

Од Австралија до Европа, земјината топка е полна со скриени места каде хармонијата на морето и копното е неверојатна. Ни го одземаат здивот и само сакаме да се капеме и сончаме. Сепак, некои од нив колку и да сее убави, во себе кријат тајни опасности.

Њу Смирни ја сакаат сакаат луѓе, но и ајкулите

Оваа плажа која се наоѓа во американската држава Флорида е многу убава и популарна, но колку што ја сакаат луѓето, толку ги привлекува ајкулите. Поради честите напади на ајкули прогласена е за една од најопасните на светот. Дури 15 отсто од вкупните напади на ајкули врз луѓе во 2007 година се случиле токму на таа плажа. Но ајкулите не се единствени „чудовишта“ кои се опасност од морските длабочини.

Смрт од отровни медузи во рок од две до пет минути

Во Квинленд во Австралија постои плажа која се вика Кејп Триблејшн. Таму освен ретки посети на корокодили и змии отровници, од самата вода има опасност од отровни медузи. Тешко се забележуваат поради продѕирниот изглед, а кога ќе го „испржат“ човекот, жртвата може да умре од две до пет минтуи по допирот.

Опасни морски струии: Се удавиле 83 луѓе

Освен ајкули и медузи, закана за безбедноста на човекот на море често се и морските струи. Морските струи на плажа на Ханакапиаи на Хаваите толку многу се непостојани што можат да го измамат и најискусниот пливач. Поради влијанието на струјата во околината на плажата наводно се удавиле 83 луѓе, иако локалните новини бројат 30.

Остров на средбите

Плажата на островот Реунинон е позната по напади на ајкули. Се работи за француска територија одалечена 225 километри од Маурициус во Индискиот Океан. Од 2011 година тука се забележани 20 смртни напади на ајкули, што е 13 отсто од сите нападни во светот.

Гансбаи, Јужна Африка

Овој дел од светот е царството е големата бела ајкула. Неколку киломтри од брегот се наоѓа преминот наречен Пат на ајкулите, кој е дом на голем број фоки, но и ајкули, кои доаѓаат да се гостат. Освен ако и самите не сакате да бидете нивниоброк, ова подрачје мора да го избегнувате.

Чаупети, Индија

Ова подрачје е меѓу најзагадените во светот. Капењето во тие води не се препорачува, иако локалното население тоа редовно го прави, со тоа што на луѓето од Западот таму им се закануваат сериозни болести.

Плажа Амазон, Бразил

Веслањето во Амазон значи дека просторот ќе го делите со пирани, анаконди и електрични јагули. Подобро држете се до брегот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Болт ќе го отвори ГП на Америка

Атлетската суперѕвезда Јусеин Болт ќе има чест да го отвори формирачкиот круг на американското ГП ...

Вештачката интелигенција стана дел од новинарството

Вештачката интелигенција веќе влезе во светот на новинарството, а натаму би можела да стане и ...