Од денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Од денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Од денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017, а зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Годинава е постигната просечна цена од 217,6 денари за килограм – информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари.

Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Би те интересирало и

Анита Ангеловска Бежоска избрана за гуверенер на НБРМ

Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер ...

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...