Од денеска јавно достапни „Панамските документи“ за 200 илјади офшор компании

panama 1

Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари денеска ќе активира база со податоци за повеќе од 200 илјади офшор компании кои се дел од истрагата на досиејата од Панама. Податоците ќе бидат достапни на https://offshoreleaks.icij.org во 14 часот по временската зона за источните држави во САД (20 часот по македонско време) – се вели во соопштението на веб страницата на организацијата со седиште во Вашингтон.

Најголемото, според неговите организатори, ослободување на податоци за тајни офшор компании и за луѓето кои стојат зад нив, веќе доведе до оставки, вклучително и премиерот на Исланд и на шпански министер, и активира официјални истраги во различни земји. Беше извршен притисок врз светските лидери и други политичари, на пример премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, за да ги објасни своите врски со офшор компании. Истрагата предизвика чувство на итност меѓу законодавците и регулаторните органи да ја затворат вратата за прикривање на приходи и да се направат информациите за сопствениците на офшор компании јавна.

Податоците доаѓаат од адвокатската канцеларија „Мосак Фонсека“, еден од најдобрите офшор играчи во светот, вклучувајќи информации за компании, фондови, фондации итн, вклучени во 21 даночно засолништа, од Хонгконг до Невада во САД. Досиејата се поврзани со луѓе во повеќе од 200 земји и територии.

Во САД, каде што неколку држави дејствуваат како даночни засолништа за луѓе од сите краеви на светот, претседателот Барак Обама прокоментира дека глобалното избегнување даноци, олеснето од тајни јурисдикции е „огромен проблем“. Според претседателот многу работи се легитимни и тоа е точно проблемот.

„Не е дека тие го нарушуваат законите, туку дека законите се толку лошо дизајнирани“, изјави Обама.

Корисниците ќе можат да ги истражуваат и визуелизираат мрежите на околу илјадници офшор субјекти, вклучувајќи кога е достапна внатрешната документација за вистинските сопственици од „Мосак Фонсека“. Интерактивната база на податоци ќе вклучува исто така информации за повеќе од 100 илјади дополнителни компании кои беа дел од истрагата во 2013 година.

Според конзорциумот, со отворањето на досиејата внимателно се ослободуваат основни корпоративни информации. Нема да се достапни лични податоци од типот на банкарски сметки и финансиски трансакции, пораки и кореспонденција, пасоши и телефонски броеви. Избрана е ограничената информација која е во интерес на општеството – истакнуваат истражувачите.

Би те интересирало и

Се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството

Во моментов се подготвува петгодишната Национална програма за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. ...

Вредноста на семејната кошница во август 32 316 денари

Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии ...