Од ноќеска на полоноќ, горивата со повисоки цени – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Од ноќеска на полоноќ, горивата со повисоки цени

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат од 1,5 до два денари за литар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 денари.

Според новата одлука на РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/литар. Новата цена на дизелот ќе биде 59 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 47,50 ден/литар.

Се зголемува и цената на мазутот што сега ќе се продава по 28,038 ден/кг.

Новите повисоки цени на бензините следат поради повисоката цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период.

Би те интересирало и

Вработените во „Еурокомпозит“ повторно го блокираа патот Градско-Прилеп

Дел од вработените во прилепскиот загубар-државната компанија „Еурокомпозит“ денес со нови протести. Во временскиот интервал ...

Полимерни банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај

Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска ...