Од петок промена на времето: Дневните температури над нулата

Ice Eiskristalle Cold Snow Winter Frozen Crystals

Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок. Утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава под -15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури.

УХМР соопшти дека в петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Кон крајот на денот и во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места и дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.

В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.



Додади коментар

Би те интересирало и

Medizin

Крајна внимателност со употребата на антибиотици и да не се земаат на своја рака – препорачуваат лекарите

Агресивноста на бактериите го намалува бројот на антибиотици кои може да се употребуваат против нив. ...

margilen levica

Ново судско рочиште во процесот против Мариглен Демири од Левица

Денеска во 11.30 треба да почне новото судско рочиште од судскиот процес против членот на Левица, ...

Close