Од протестот од Штип побараа Иванов да не му го дава мандатот на Заев – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Од протестот од Штип побараа Иванов да не му го дава мандатот на Заев

Со патриотски песни, свирчиња и пароли „Нашите предци ова парче земја го платиле со крв“ и „Проклети да се предавниците“, низ центарот на Штип маршираа граѓани во придружба на градоначалници од регионот, пратеници и советниците од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните пред новинарите изјавија дека протестираат против поделбата на земјата и најавената двојазичност и употребата на албанскиот јазик во источна Македонија, каде речиси и да нема Албанци.

Во изјавите апелираа претседателот, Ѓорѓе Иванов да не му до даде мандатот на Зоран Заев, или ако Заев стане мандатар, тогаш претседателот да си поднесе оставка.

Демантираа поврзаност со партија и рекоа дека се собрале спонтано, откако од други луѓе слушнале дека ќе има протест. Насобраните функционери од ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и градоначалниците на Велес, Штип, Свети Николе и Пехчево, не сакаа да дадат изјави, бидејќи како што рекоа, на протестот се дојдени како граѓани.

Протестот помина мирно, а утре ќе се маршира во Кочани.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...