Од сабота дожд и пониски температури

Промена на времето со пад на дневната температура за околу осум степени се очекува од сабота кога ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Според прогнозата на УХРМ, во сабота минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а дневните од 9 до 17 степени.

Во недела преку ден ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во понеделник претпладне, ќе има заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините. Во недела утринските температури ќе се спуштат до – 3 степени, а дневните температури ќе достигнат до 20 степени, а во понеделник утринските ќе се движат од 1 до 8 степени, а дневните од 6 до 14 степени. Во вторник ќе биде стабилно но, ладно со утрински температури од -5 до 4 степени и дневни од 5 до 13 степени.

Стабилно, суво и потопло ќе биде уште утре кога максималната температура ќе достигне 25 степени.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...