Од септември во две смени во некои од државните институции

Вчера Владата го усвои флексибилното работно време кое ќе почне да се применува од септември.

УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите кои првично ќе почнат да работат во две смени со работно време од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот. Посочените институции ќе работат и во првата сабота од месецот но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Понатаму е можно и дополнување на одредени институции во оваа листа, а истата и ќе се изменува ако е потребно. Ова го посочи министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски.

Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот .

Министерот Манчевски посочи дека целта на овие мерки е овозможување подобри услови за вработените во администрацијата да имаат шанса да се прилагодат на работното време на градинките и училишните установи.

Меѓудругото оваа мерка надлежните се надеваат оти ќе ги олесни сообраќајните гужви во главниот град пред и по завршување на работното време.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Стојановски четврти во второто олимписко финале

Македонскиот пливач, Андреј Стојановски го прoдолжува својот успешен настап на Олимписките игри за глуви што ...

Зголемен бројот на лекарски интервенции во Куманово

Службата за итна помош од Куманово регистрира од 10 до 15 проценти зголемен број на ...

Close