Од утре топли радијатори, грејната сезона ќе почне порано

Годинашната грејна сезона ќе започне порано поради ниските температури што се најавуваат за викендот. Па, така, се очекува уште в сабота да бидат затоплени радијаторите во главниот град.

Иако вообичаено грејната сезона почнува од 15 октомври, поради ниските температури што се најавуваат за викендот, таа ќе започне од сабота. Регулаторната комисија за енергетика веќе го има известено „Балкан енерџи груп“, компанијата што скопјани ги снабдува со топлинска енергија. Прописите дозволуваат порано да се пушти греење, но не пред 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е помала или еднаква на 12 степени.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...