Од 2013 година во Кина се казнети 1,34 милиони раководни лица за корупција

Околу 1,34 милиони нискорангирани државни чиновници биле казнети за корупција од 2013 година до денес – соопштија кинеските власти.

Според соопштение на властите, меѓу казнетите се 648.000 раководни лица на селско и окружно ниво. Повеќето од нив се казнети за корупција од мал размер. Има и неколку високи функционери кои добиле откази.

Од 2013 година претседателот, Си Џинпин почна кампања против корупцијата меѓу раководни лица во државата. Овој месец претстои и конгрес на партијата на кој се очекува Си да биде реизбран.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...