Околу 1100 маски продефилираа на карневалско дефиле во Струмица

Во Струмица синоќа се одржа главното карневалско дефиле на кое низ улиците до градскиот плоштад продефилираа околу 1.100 учесници од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Русија и Аруба.

Организаторите на традиционалниот Струмички карневал оценуваат дека и годинашното издание поминало според планираното.  Годинава за принц и принцеза беа избрани брачниот пар, Александар и Соња Ташеви кои ја предводеа главната карневалска поворка.

Денеска на плоштадот во Струмица се одржа и детскиот карневал каде најмладите ги покажаа своите креации со ликовите од цртаните филмови.    Утре, кога е чист понеделник, на градскиот плоштад ќе биде послужен бел грав. Претпладнето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам. Во вторник ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.

Карневалските денови во Струмица завршуваат в среда со одбележување на празникот Тримери.

Би те интересирало и

БПЦ ќе се консултира со другите цркви, па ќе одлучи за барањето на МПЦ

Светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со другите14 православни цркви, меѓу кои ...

Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден

Македонската филхармонија со концерт ќе го прослави 73. роденден. Концертот ќе се одржи на 24 ...