Околу 40 милиони евра за нови 80 километри гасовод – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Околу 40 милиони евра за нови 80 километри гасовод

Речиси четириесет милиони евра ќе ја чини државата изградбата на новата гасоводна мрежа. Ова го соопштија министерот за транспорт и врски, Горан Сугрески и директорот на Македонски енергетски ресурси, Блгојче Котески.

Новиот гасовод ќе биде долг 80 километри, а се очекува Македонија да ги има првите потрошувачи на националната гасификациона мрежа за две години.

„Очекуваме до крајот на 2020 година да биде направена делницата која оди од Неготино преку Прилеп до Битола, како и делницата Скопје-Тетово-Гостивар која очекуваме да биде готова до 2019 година“, потенцираше министерот Сугарески. Делот пак, од блок станица Штип до Неготино треба да биде готов за три до четири месеци.

Според Сугарески,  во моментот на одредени траси постојат проблеми поврзани со експропријацијата на земјиштето за што се обезбедени пет  милиони евра.

Сепак, директорот на Македонски енергетски ресури, Благојче Котески денеска немаше конкретен одговор колкав е бројот на споровите за експропријација:

„Се работи интензивно. За една делница треба да се сработат повеќе парцели кои се на повеќе сопственици и тоа одзема време. Секој предмет посебно се работи и одзема многу време за вработените“.

Котески нагласи дека веќе преговараат со градоначалниците на општините каде што поминува националната гасификациона мрежа за да ги почнат подготовките на плановите и навреме да ја изградат секундарната мрежа, имајќи предвид дека според новиот Закон за енергетика таа ќе треба да биде финансирана од самите општини.

Како што беше посочено на денешната прес конференција, за околу 2 годии треба да се заврши и новото интерконективно поврзување со гасоводите на Грција и Бугарија.

Би те интересирало и

Заев од Владата за Југохром за рестартирање на печките

Од ноември ќе се рестартираат печките во фабриката Југохром, која за ова ќе добие финансиска ...

Агрономите најавуваат добар род од пролетната сеидба

Годинешнава пролетна сеидба ќе биде една од најуспешните прогнозираат познавачите на приликите. И покрај ваквите ...