ОМД ја поздравува мирната транзиција на власта во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи во Македонија и и посакува на новата Влада многу успех во извршувањето на нивните должности.

– Следејќи ја 13-годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт со цел афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна социо-економска политика. ОМД е сигурна дека стекнувањето на овој епитет е возможно и ќе се достигне само со напорна работа и реформи преку одговорно владеење на новата македонска Влада со исклучително владеење на правото и силна слободно пазарна економија – се наведува во пишаното соопштение од ОМД.

ОМД, како што се додава во соопштението, ќе работи активно новата Влада да го почитува суверенитетот, унитарниот карактер и територијалниот интегритет на македонската држава.

Од ОМД веруваат дека улогата на опозицијата е подеднакво инструментална во одржување на владините институции, одговорни и транспарентни за јавноста.

– ОМД ќе продолжи да го застапува својот цврст став и поддршка на Македонија и нејзиното полно-правно членство во НАТО и во ЕУ, без промена на името, идентитетот, јазикот, и културата на Македонија. ОМД го потенцира и повторува својот долгогодишен став за повлекување на македонската Влада од преговорите предводени од ОН за нашето уставно име кои се целосно спротивни на правото за сопствен идентитет и самоопределување – се вели во соопштението.

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close