ОН бараат истрага за полициското насилство во Каталонија

Обединетите нации повикаа на непристрасна истрага на вчерашното насилство во шпанскиот регион Каталонија, каде полицијата се обиде со сила да го спречи одржувањето на референдум за независност.

„Длабоко сум вознемирен од насилството во Каталонија во неделата. Имајќи предвид дека стотици лица се повредени, ги повикувам шпанските власти да обезбедат детална, независна и непристрасна истрага за сите акти на насилство. Полициската реакција мора во секое време да биде пропорционална“,  изјави високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад ал Хусеин.

Близу 900 лица беа повредени во судирите, а од нив двајца се во критична состојба.

Ал Хусеин рече дека сите отворени прашања треба да се решаваат низ политички дијалог, со почитување на човековите права. Тој воедно ја повика шпанската Влада да дозволи итна посета на Каталонија од страна на експерти за човекови права на Обединетите нации. Експерти на ОН побарале дозвола да ја посетат Каталонија уште минатата недела, но се уште не добиле одговор од властите во Мадрид

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...