ОН: Светот рапидно се затоплува – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

ОН: Светот рапидно се затоплува

Трите последни години се најтопли откако се мерат температурите на воздухот. Темпото на раст на температурите е „исклучителено“ – предупредуваат Обединети нации.

„Сега е потврдено дека 2015, 2016 и 2017 се најтопли години кога било регистрирани и тоа јасно се вклопува во трендот на долгорочно затоплување, предизвикано од порастот на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина во атмосферата“, соопшти Светската метеоролошка организација, специјализирана агенција на ОН.

Најтопла од трите години била 2016 година со просечна температура повисока за 1,2 степени Целзиусови во споредба со прединсустриското време (референтен период од 1880 до 1990). Таа година беше под влијание на природниот феномен Ел Нињо, кој се појавува секои три до седум години и може да ја зголеми просечната температура, да влијае на струењата и на врнежите.

„Новите податоци за температурата укажуваат дека светот рапидно се загрева“, изјави професорот од Универзитетот во Единбург, Дејв Реј, реагирајќи на извештајот на Светската метеоролошка организација.

Според директорот на Светската метеоролошка организација, Петери Талас поважно е да се набљудува долгорочниот развој на температурата, кој има тенденција на раст отколку да се врши класификација на годините,

„Седумнаесет од 18 најтопли години се во 21 век и темпото на загравање што е констатирано во последните три години е исклучителчно. Затоплувањето посебно е видливо на Арктикот и тоа ќе има трајни последици на нивото на морето и на метеоролошките услови во други делови на светот“, посочи Талас.

Според статистиката, просечната температура во 2017 година е повисока за околу 0,46 степени Целзиусови од температурата измерена во периодот од 1981 до 2010 година.

ОН за извештајот ги користеше податоците на Американската управа за океани и атмосфера (НОА), американската вселенска агенција НАСА, британскиот Центар Хедли за метеоролошки услуги, Европскиот центар за среднорочни метеоролошки прогнози (ЦЕПММТ) и Јапоснака метеоролошка служба.

Би те интересирало и

Трамп може да си замисли вооружени наставници

Претседателот на САД нема намера особено да ги заостри лабавите закони за оружје. Но тој ...

Дали забраната за дизел-возила во градовите е законска?

Германија напрегнато ја очекува денешната (22.02) пресуда на Сојузниот управен суд во Лајпциг околу одлуката ...