Оперската претстава „Риголето“ во МОБ

rigoleto

Оперската претстава „Риголето“ на прославениот Џузепе Верди вечерва ќе биде изведена во Македонската опера и балет, во рамки на 44. Мајски оперски вечери.  „Риголето“ се смета за една од најубавите музички драми во оперската литература и нејзиното либрето се базира на расказот „Кралот се забавува“ на Виктор Иго.

Во претставата настапува врвна солистичка екипа: Риголето:  Карлос Алмагер Вилалобос (Мексико), Џилда ќе ја толкува Зана Абази-Рамадани (Косово), Војводата од Мантова Михаил Михајлов (Бугарија), Спарафучил: Владимир Саздовски, Мадалена: Вишња Радосав (Србија), во главните улоги.

Во останатите улоги ќе настапат: Васко Здравков, Диме Петров, Билјана Јосифов,  Кристијан Антовски,  Дарко Нешовски,  Ана Ројдева-Талевска, Десанка Глигоријевиќ и Невен Силјановски.

Диригент е гостинот од Италија, Џанлука Марчано.

Би те интересирало и

Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од ...

Светска премиера во Пекинг на композиција од Дарија Андовска

Во рамките на China CEEC Cultural Season- Music Dialog and Cooperation 2017, на 13 октомври, ...