Опра Винфри сепак нема да се кандидира за претседател на САД! – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Опра Винфри сепак нема да се кандидира за претседател на САД!

Опра Винфри постојано беше во центарот на вниманието oткако одржа моќен говор на наградите “Голден Глоубс”, и изјави дека ќе се кандидира за претседател на САД.

Опра која е моќен телевизиски могул беше поддржувана од сите славни личности. Но, Доналд Трамп ѝ возврати велејќи дека доколку Опра се кандидира, ќе ја победи и неа.
Но, во едно интерјву кое се случи неодамна, Опра кончено ги отвори картите на маса и ја реши оваа дилема еднаш засекогаш. Таа во разговор со новинарот Лин Мануел Миранда, изјави дека таа сигурно нема да се кандидира за претседател, не во блиска иднина.
Во разговорот со креаторот на “Хамилтон”, по повод нејзината претстојна серија за “Super Soul Conversation” кои ќе бидат објавени во Март оваа година, таа беше јасна како ден дека нема да биде дел од трката за државната канцеларија.

Публиката се шокираше, а некои од нив се вознемириле откако Опра стави крај на гласините, кои кружеа откако го одржа говорот на Голден Глоубс.

Преземено од: Репортер

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...